Користејќи го Veloster како основа, Hyundai (уште еднаш) креира возило со иновативен каросериски концепт.
Иако и самиот Veloster е иновативен со своите три странични врати, две од десната и една од левата страна, концептот со ознака C3 Roll Top покажува еден сосема поинаков правец на размислување. Основната функција на кабриолет возилата - да овозможат поглед кон ведрото небо и свеж воздух околу главите во возењето, Корејците ја проширија со создавање систем со кој платнениот кров може да се свитка не само однапред, туку и одназад, со што се отвора задниот дел на возилото, кое за оваа прилика има дводелна задна врата, чиј долен дел се спушта, како кај пик-ап моделите, а горниот, всушност задното стакло, се повлекува сосе платнениот покрив нанапред, над главите на патниците на предните седишта.
Резултатот не само што е интересен, туку и практичен, но колку има шанси да стане реалност?
Резултатот не само што е интересен, туку и практичен, но колку има шанси да стане реалност?
No comments:
Post a Comment