Според Bloomberg, британската марка на спортски автомобили наскоро би можела да помине под заштитничката капа на некој голем производител на возила.
Пред пет ипол години, ослободувајќи се од вишокот марки во замена за кеш пари кои би му ги покриле загубите, Ford го продаде Aston Martin на конзорциум предводен од Дејвид Ричардс, човекот кој стоеше зад славата на Prodrive. Главниот дел од сметката (64%) го плати кувајтскиот инвестициски фонд Investment Dar. Оттогаш наваму британскиот спортски производител не мрдна многу од стартните позиции, но успеа без големи потреси да ги преживее кризните времиња, што само по себе е успех. Сепак, тоа не беше доволно за неговите главни инвеститори, кои виорите на финансиската криза ги повлекоа во долгови длабоки 4,9 милијарди долари и како последица на тоа, Aston Martin се најде на продажба.
Прв заинтересиран се јави индиската групација Mahindra & Mahindra. Но, иако се подготвени да платат 800 милиони долари на Арапите, Индијците тешко дека ќе го земат Aston Martin, бидејќи челниците на британската компанија сметаат дека е подобро таа да се најде под заштитничката капа на некој голем производител на возила. Надеж дека ќе се оствари тоа им даде Toyota, која веќе неколку месеци врши анализи дали тоа е исплатливо и како може една ваква марка да се интегрира во нивниот систем.
Засега од Toyota одбиваат да дадат било каков коментар, но добро е да се знае дека желбата да се стигне Volkswagen е доволно силен мотив.

No comments:
Post a Comment