Новата генерација на купето Cayman е полесна, побрза и посекси. Полесна, затоа што е направена на основа на новиот Boxster, чија нова, за 40% поцврста конструкција, овозможува заштеда од 30 килограми. Побрза, затоа што при трансферот од Boxster, неговите шестцилиндрични централно поставени мотори добија екстра 10 коњски сили, така што 2,7 литарскиот располага со 275, а 3,4 литарскиот со 325 KS. Посекси, затоа што освен посовремениот изглед со поинакви пропорции (новиот Cayman е подолг и понизок од претходникот и има поголеми траги на тркалата и меѓуоскино растојание), полесната конструкција и посилните мотори овозможуваат и подобри перформанси, но и за 15% подобра економичност. Во бројки, тоа значи забрзување од 0 до 100 km/h меѓу 4,7 и 5,7 секунди во зависност од моторот и менувачот, максимална брзина од 266 до 283 и потрошувачка од просечни меѓу 7,7 и 8,8 l/100 km.
Porsche Cayman во продажните салони ќе пристигне на 2 март, со цени кои стартуваат од 51.385 евра во Германија.
Porsche Cayman во продажните салони ќе пристигне на 2 март, со цени кои стартуваат од 51.385 евра во Германија.
поврзани вести:
Што ќе покаже Porsche во Лос Анџелес?
Што ќе покаже Porsche во Лос Анџелес?
No comments:
Post a Comment