General Motors го потврди трансферот на производството на Chevrolet Cruze од Јужна Кореја во Европа.
Според официјалните информации, производството на наредната генерација на компактниот глобален модел на Chevrolet ќе биде концентрирано во 5 региони, меѓу кои Европа, САД и Кина, но не и Јужна Кореја. Овој чекор на General Motors е со цел да се намалат загубите во Opel/Vauxhall, кој е во фаза на реструктуирање. Во моментов, Chevrolet Cruze се произведува во 10 фабрики на General Motors низ целиот свет: Јужна Кореја, Бразил, Кина, Индија, Казахстан, Русија, Виетнам, Тајланд, САД и Австралија, под ознаките на Holden. Во фабриката во Гунсан, Јужна Кореја, која годишно произведува вкупно 260.000 возила, 50 до 60% се токму од овој модел.
Наредната генерација на Cruze, која се очекува да се појави во 2014 година, ќе биде поставена на нова глобална платформа.
Наредната генерација на Cruze, која се очекува да се појави во 2014 година, ќе биде поставена на нова глобална платформа.
No comments:
Post a Comment