Најавен лани, Spark EV, благодарение на зголемениот ангажман на General Motors на полето на алтернативната погонска енергија, ќе започне да се продава налето идната година.
За овој мал градски еко-автомобил, GM истакнува две особености - Chevrolet Spark EV е првиот автомобил чија електро погонска група (која 75% е позајмена од Volt и хибридните пик-апи на GM) е комплетно американска, како и тоа дека електричните компоненти, кои имаат декларирана моќност од 110 kW и дури 542 Nm, му овозможуваат забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 8 секунди. Во она што е објавено (спецификациите на овој plug-in модел сé уште не се во целост обелоденети) се потенцира уште и дека литиум-јонските батерии со капацитет од 20-тина kWh, тешки 254 kg, се тестирани лабораториски 200.000 часа, заради што и GM им дава гаранција од 8 години или 100.000 милји. За нивно полнење на 240 V потребни се помалку од седум часа, но имаат можност и за брзо полнење до 80% капацитет за 20-тина минути.
Цената на Spark EV ќе изнесува 25.000 долари, со вклучени државни бенефиции.
Цената на Spark EV ќе изнесува 25.000 долари, со вклучени државни бенефиции.
поврзани вести:
Opel се откажа од електричната верзија на Adam
Opel се откажа од електричната верзија на Adam
No comments:
Post a Comment