Некаде познат како Symbol, некаде како Thalia, малиот седан на Renault, направен на основа на втората генерација на Clio, има верна публика во земјите каде ваквите возила се барани.
Со цел да се задржат купувачите во моментите кога смената на генерациите на Clio бара прераспределба на капацитетите за негово производство, Renault одлучи во иднина Symbol да биде всушност ребрендирана верзија на Dacia Logan, што значи и дека наместо во Турција, ќе се произведува во Романија.
Покажан на салонот во Истанбул, новиот Symbol освен во предниот дел во целост е идентичен со новата генерација на Logan. Маската, светлата, браникот и поклопецот на моторот му се направени во стил на новиот дизајнерски јазик на француската марка, што му дава помладешки изглед од неговиот донатор. Опременоста во однос на досегашната генерација (која беше претставена пред само четири години) е значително подобрена и вклучува и мултимедиски навигациски систем со 7-инчен екран чувствителен на допир.
Продажбата на Renault Symbol ќе започне на стартот на идната година, а меѓу моторните опции ќе бидат и новиот 0,9 литарски трицилиндричен турбо бензински мотор со 90 KS, како и два 1,5 литарски дизела, со 75 и 90 KS. Главни пазари за Renault Symbol и досега беа земјите каде името Dacia е слабо познато, односно Турција, Русија, Северна Африка, Блискиот Исток и Латинска Америка.

No comments:
Post a Comment