После Q7, па Q5 и Q3, кон крајот на идната година би можел да дојде и Q1.
Audi располага со фундаментална карта за да се натпреварува на пазарот со малите и успешни SUV возила кои носат пари - компетентноста изразена преку интегралниот погон. Сомнежите се поради високата цена на производство: колкав ли ќе биде бројот на купувачи кои ќе можат да потрошат повеќе од 24 илјади евра за SUV од само четири метри? Заради тоа во Инголштат се мошне внимателни и ако Q1 добие дефинитивно одобрување, серискиот модел би можел да се појави кон крајот на 2013 година.
И покрај неизвесноста, проектот се развива одлично во секој поглед: дизајнот е дефиниран (меки линии, краток отскок на задницата), исто е и со механиката која ќе ја донира А1 со својата платформа, модифицирана за оваа пригода. Подигнатиот сет за некој сантиметар во однос на А1 и малото засилување на браниците и под школката се само потврда за амбициите на Q1: во конкуренцијата на лесни теренски возила ќе треба да биде посебно ценет заради интегралниот погон, кој би требало да ја искористи истата шема како Q3, со Haldex спојка, која во услови на слабо прилепување на пневматиците префрла дел од моќноста на задните тркала, заради што е изменето и задното полукруто ослонување на А1.
За да ја добие потребната моќност за пробивање на пазарот, Q1 ќе располага со TSi мотор од 1,4 литри, кој во ударната верзија ќе има дури 200 KS, додека од дизелите на располагање ќе биде 1.6 TDi.

No comments:
Post a Comment