Како и што се очекуваше, Maserati финишираше со развојот на новата, шеста генерација на својот луксузен модел Quattroporte.
Иницијално објавените фотографии покажуваат дека Maserati зрело влегува во нова битка за врвот на сегментот на големи луксузни лимузини со спортски елементи. Модерно спакуван, но задржувајќи ги специфичните детали од претходникот, новиот Quattroporte ветува свеж поглед кон иднината добиен со еволутивни дизајнерски зафати на сега подолгата каросерија, чиј облик Италијанците го опишуваат со зборови како што се: „хармонија на облините, динамичност на линиите и италијанска елеганција“.
Повеќе заради задржување на вниманието, помалку заради својата скромност, од Maserati не поделија со нас ниту еден конкретен податок, оставајќи нé да се задоволиме со општи констатации произлезени од претпоставките дека иако поголем, новиот Quattroporte, заради поголемата употреба на алуминиум, ќе биде полесен, а со тоа и поагилен и поеколошки настроен, во што голема улога ќе има и најавената нова V8 погонска група, конструирана заеднички со Ferrari. Иако непотврдено официјално, во носот на новиот Quattroporte најверојатно ќе се најде и турбо V6 механика, како и опција за погон на сите четири тркала. За прв пат на публиката, Maserati ќе го покаже Quattroporte на салонот на автомобилите во Детроит, кој се одржува во јануари. Се очекува неговата цена да изнесува околу 115.000 евра.
Освен Quattroporte, во не така далечна иднина од Maserati ги очекуваме уште и помалиот седан Ghibli и теренецот Levante, кои треба да бидат основа за остварување на плановите за постигнување продажба од 50.000 возила до 2015 година. Претпазливо подготвувајќи се за тоа, Италијанците велат дека срцето на скоро сто години старата марка сепак ќе биде во Модена, иако поддршката за ваквите непаралелни со движењата на пазарот амбиции Италијанците ја гледаат во фундаменталните основи на прекуокеанскиот сојуз на Fiat со Chrysler.

поврзани вести:
Maserati со три нови модели
Maserati со три нови модели
No comments:
Post a Comment