Францускиот радикален пристап кон премиум возилата резултираше со најфината скулптурна креација досега, а имплементирајќи ја најновата своја технологија, Citroën со третиот член на DS семејството најдобро покажа за што е способен. Динамичните линии и прикриената агресивност на првиот Citroën со HYbrid4 технологијата се пресликани и во луксузниот и модерен ентериер, а вкупно 200-те коњски сили се распределуваат на сите четири тркала со емисија на CO₂ од само 99 g/km. Останатата моторна понуда ги вклучува 1,6 литарските турбо бензинци со 156 и 200 KS, 1,6 литарскиот e-НDi дизел со 112 KS и старт-стоп систем и 2.0 HDi моторот со 163 KS.
No comments:
Post a Comment