Многу бргу по освежувањето на SLS AMG, Mercedes ја покажа и неговата засилена Black Series верзија.
Како и кај останатите хард-кор модели на Mercedes кои ја имаат оваа ознака, измените се на ниво на подобрување на најдоброто, што кај SLS AMG значи користење на компоненти од тркачкиот GT3 модел со кои силата на 6,2 литарскиот V8 од 571 (591 кај SLS AMG GT) се зголемува на 631 KS, кои се остваруваат при 7.400 вртежи во минута. Прилагодувањето на кривата на вртежниот момент резултираше со намалување на неговата максимална вредност од 650 на 634 Nm при 5.500 вртежи во минута, што во крајните бројки за перформансите значи за 0,1 секунда подобро забрзување (3,6 наместо 3,7) и за 5 km/h помала крајна брзина (315 наместо 320 km/h) во однос на помоќната GT верзија на стандардниот SLS AMG. Во ова улога има и намалувањето на тежината за 70 kg.
Другите измени кај Black серијата на SLS AMG вклучуваат унапредено и спуштено ослонување со пошироки траги на тркалата и репрограмирана електроника, поголеми керамички дискови, нови 275/35 R19 напред и 325/30 R20 тркала назад, издувен систем од титаниум, литиум-јонски акумулатор, асортиман на аеро додатоци и спортски облагородена внатрешност, а доработен е и седумстепениот менувач со двојна спојка, кој ја пренесува силината на задните тркала.

поврзани вести:
Струјата како супергориво за суперавтомобилот на Mercedes
Струјата како супергориво за суперавтомобилот на Mercedes
No comments:
Post a Comment