По покажувањето на концептот Aventador J во Женева, беше само прашање на време кога Lamborghini ќе ја промовира и сериската родстер верзија на својот најсилен модел.
Тоа се случи на 12 ноември во Мајами, настан за кој Италијанците претходно испратија покани до ексклузивно одбрана група луѓе. Останатите, не така важни личности, Aventador Roadster ќе можат за прв пат да го видат на салонот во Лос Анџелес, кој се одржува на крајот од месецов.
Според оние кои го виделе, Aventador Roadster ја има ознаката LP700-4, што значи дека го има истиот 6,5 литарски V12 мотор од купето со 700 KS, кој ќе ги задвижува сите четири тркала. Иста му е и ултрацврстата школка од јаглеродни влакна, а од истиот материјал е и дводелниот тврд кров. Во поглед на перформансите, отворениот Aventador и натаму е вистински ѕвер - до 100 km/h забрзува за 3,0 секунди и достигнува максимални 350 km/h, а ѕверска му е и цената од 300.000 евра, без давачки.

поврзани вести:
Lamborghini Aventador J
Lamborghini Aventador J
No comments:
Post a Comment