Иако уште не е извесно ниту кога точно новиот спортски модел ќе се појави на пазарот, Alfa Romeo веќе го планира производството и на неговата отворена верзија.
Според очекувањата, мускулестото купе со централно поставен мотор кое ќе се произведува во погоните на Maserati треба да ја надополни понудата на италијанската марка во текот на 2014 година, а една година потоа ќе се појави и неговата отворена верзија. Никакви прецизни спецификации за овој двосед не се објавени, но се очекува да биде опремен со 1,75 литарски турбо мотор со 230 KS, кој ќе го забрза до 100 km/h за само 4,5 секунди и дотера до максимални 250 km/h. Се предвидува неговата цена да изнесува околу 45.000 евра.
No comments:
Post a Comment