Калифорнија, како област која покажува значителна грижа за околината, беше идеално место BMW да покаже колку се сериозни неговите намери за електрификација на возилата на иднината.
Така, процесот започнат лани во Франкфурт со покажувањето на градскиот хечбек i3 и спортското купе i8, а продолжен пролетва со покажување на неговата отворена верзија, сега продолжи со тривратната варијанта на i3, чиј концепт беше претставен на салонот во Лос Анџелес.
Поспортскиот изглед на моделот направен од јаглеродни влакна, што беше причина да биде доозначен како купе, ги има истите габарити и механички компоненти како и попрактичната хечбек верзија, што значи дека е долг 4 метри, широк 1,77 и висок 1,56 метри. За задвижување и на двете верзии на i3 е предвиден електромотор од 125 kW и 250 Nm, кои се пренесуваат на задните тркала без употреба на менувач, а литиум-јонските батерии скриени во подот се доволни i3 со едно полнење да помине 160 km. Покрај чисто електричните, i3 ќе биде на располагање и во plug-in верзии, кои ќе комбинираат 1,5 литарски трицилиндричен бензински мотор.
Се очекува првите примероци на i3 и i8 да излезат од фабриката во Лајпцих веќе кон крајот на наредната 2013 година.

No comments:
Post a Comment