На барање на американска продажна филијала, и Jaguar подготвува свој SUV модел.
Иако едно име како што е Jaguar дозволува без проблем да се настапи и во сегментот на премиум SUV модели, потегот кој Британците треба да го направат е многу повеќе од ризичен - додека секој би очекувал тоа да биде голем и скап теренец, моделот кој се подготвува ќе настапува во компактната класа, со цена од 45-50 илјади евра.
Компетенциите треба да произлезат од Land Rover, кој исто така е во сопственост на Tata, но притоа SUV моделот на Jaguar не смее да биде конкуренција на Range Rover Sport, иако ќе се појави скоро истовремено (некаде во 2014 година) и ќе го има неговото подвозје богато со алуминиум. Затоа, ќе се разликува по димензиите (треба да биде долг 4,6 метри) и капацитетот за 4 патници (наместо 5+2), ќе бидат нагласени квалитетите на асфалт, но нема да се откаже од интегралниот погон. Ќе биде задвижуван од 2,2 литарски дизел и од дволитарски турбо бензински мотор, а ќе ја има ниската и спортски издолжена линија на моделите на Jaguar, со долг преден дел и навалено задно стакло, кое ќе му даде изглед на купе.

No comments:
Post a Comment