Ама само за САД - тукушто покажаниот мал градски фраер на батерии, нема да го види европското небо.
Под ознаката 500е, малиот секси модел на Fiat беше електрифициран со помош на Американците, кои сметаат дека трифазен електромотор со перманентни магнети од 83 kW и литиум-јонски батерии од 24 kWh, со кои може да помине 160 km, се доволни за него. За подобрување на ефикасноста и прилагодување кон новиот погонски систем, направени се бројни доработки на моделот - аеродинамиката е подобрена за 13%, а подвозјето засилено заради поголемата тежина и подобрување на динамичките карактеристики.
Fiat ќе го лансира својот прв електромобил многу бргу, најпрво во Калифорнија, по цена која се очекува да се движи околу 35.000 долари. Притоа, електричните компоненти на возилото ќе доаѓаат со четиригодишна, а батериите со осумгодишна гаранција.

No comments:
Post a Comment