Иако Ford во моментов ја окупира јавноста со EcoBoost моторите, тоа не значи дека не работи и на нови модели.
Најинтензивни се подготовките за европското лансирање на новите генерации на Mondeo и Kuga, целосниот глобален настап на малиот SUV EcoSport и рестајлингот на Fiesta. Овие новитети во голема мерка ги ангажираат капацитетите на развојните одделенија на марката, кои во меѓувреме добија задача да мислат и на новите варијанти на Focus. Така, освен желно очекуваната RS верзија, меѓу идните варијанти на Focus, најверојатно кон средината на 2013 година, се очекува да се појави и кабриолет верзија, направена на механичката основа на верзијата со четири врати. Можно е таа да биде со платнен наместо тврд преклоплив покрив, заради заштеда на тежината, просторот за багаж и трошоците за развој и производство.
Ford би го правел овој кабриолет во своите погони, за разлика од досегашната CC верзија, која излегуваше од производните линии на Pininfarina.
Ford би го правел овој кабриолет во своите погони, за разлика од досегашната CC верзија, која излегуваше од производните линии на Pininfarina.
No comments:
Post a Comment