Тајните на Маркјоне за новиот модел на Alfa Romeo повеќе не се тајни - иако кога тој е во прашање сé може во последен момент да се промени, веќе е скоро извесно дека новото италијанско купе ќе започне да се произведува идната година.
Чекајќи го вистинскиот момент сонот на Alfa да стане реалност, многумина љубители на марката веќе започнаа да губат надеж. Но, бидејќи на Alfa и треба ваква машина за да се додаде импулс за подобрување на имиџот, развојот на спортското купе никогаш не беше прекинат и тој сега е во својата финална фаза, така што според извештаите, реално е да се очекува производствениот модел да биде покажан во Женева.
Во своите геометриски контури, двоседот стилски ќе остане многу блиску до две години стариот концепт, зашто нема причина тоа да се менува - моделите на Alfa имаат создадено силен персоналитет во минатото, за што меморијата ни ја освежи 8C, чии линии сега се пренесуваат и на 4C. Иако нема да биде толку елитистички, темпераментноста на моделот ќе се осигура со комбинација на малата тежината проектирана под 1.000 килограми (некои велат дури и меѓу 850 и 900) и централно поставениот турбо мотор од 1,75 литри со 200 до 250 KS, двојна спојка и погон на задните тркала. Врвните состојки под кожата на тензично креираниот пакет треба да ја створат илузијата дека цената од 40.000 до 45.000 евра е релативно привлечна.
Овој модел од кој Alfa Romeo планира да произведе 4.000 примероци за 4 години, треба да биде силна основа за враќање на марката во САД, заради што се очекува и негова родстер верзија, која би била достапна во 2014 или 2015 година.

поврзани вести:
Се планира и кабриолет верзија на 4C
Се планира и кабриолет верзија на 4C
No comments:
Post a Comment