Она што се знаеше уште од поодамна, сега стана и официјално - спортската марка на Renault ќе започне да живее во наредните три до четири години, со помош на Caterham.
Британската група Caterham, во чиј состав е истоимениот производител на малосериски спортски автомобили, всушност е правен наследник на ланскиот F1 тим Lotus, кој настапуваше со моторите на Renault. Позитивното искуство што го имаа двете страни доведе до братско здружување на нивните сили во компанијата Automobiles Alpine Renault со седиште во Диеп, всушност поранешниот спортски производител Alpine, кој во 1973 година беше преземен од Renault. Целта на ова здружување е развој и производство на спортски модели од двете марки, Alpine и Caterham, кои ќе бидат поставени на заедничка основа.
Други детали за плодовите од ова иновативно партнерство не се објавени, ниту пак дали заедничката компанија ќе продолжи со сегашните дејности, производството на Clio RS и тркачките возила на Renault.
Други детали за плодовите од ова иновативно партнерство не се објавени, ниту пак дали заедничката компанија ќе продолжи со сегашните дејности, производството на Clio RS и тркачките возила на Renault.
поврзани вести:
Дали Lotus ќе го произведува Renault Alpine?
Дали Lotus ќе го произведува Renault Alpine?
No comments:
Post a Comment