Со цел за поефикасно проширување на гамата и поуспешен настап на пазарот, Renault подготвува за лансирање на две нови марки.
Според зборовите на извршниот директор на Renault, Карлос Таварес, француската марка има потреба од зголемување на своето присуство на останатите пазари заради намалување на зависноста од Европа, чиј пазар во моментов е во стагнација. Заради тоа, се подготвува стратегија која опфаќа креирање на две нови марки - првата, дискретно веќе најавена со покажувањето на Alpine A110-50, ќе биде задолжена за спортските возила, додека втората, Initial Paris, ќе ги опфаќа луксузните модели. Амбициите на Renault за оваа марка досегаат дури до таму таа еден ден да биде нешто како што сега е Audi за Volkswagen.
Финалната одлука за новата стратегија ќе биде донесена уште оваа година.
Финалната одлука за новата стратегија ќе биде донесена уште оваа година.
No comments:
Post a Comment