Високиот интерес на купувачите придонесе Mazda по втор пат да го зголеми производството на својот прв компактен SUV - сега од погоните во Јапонија ќе излегуваат по 240.000 возила годишно од овој модел. Со првобитните планови, се очекуваше CX-5 да привлече годишно околу 160.000 купувачи. Како една од причините за ова се наведуваат новите SkyActive бензински и дизел мотори, кои до 2016 година треба да се вградуваат во 80% од целокупното производство на Mazda, кое до тогаш се очекува да нарасне на 1,7 милиони возила годишно.
No comments:
Post a Comment