09 July 2012

McLaren ја претстави отворената верзија на MP4-12C

Означена како Spider, отворената верзија на MP4-12C располага со метален кров кој се склопува во багажникот за 17 секунди при брзина под 30 km/h.

Оперирањето со него се врши со копче сместено на централната конзола, а улогата на дефлекторот за воздух ја има преземено задното ветробранско стакло сместено веднаш зад главите на двата патника, кое исто така електронски се подигнува и спушта. Моторот и трансмисијата се истите 3,8 литарскиот твин-турбо V8 со 625 KS и 600 Nm и седумстепениот менувач со двојна спојка, а според зборовите, на McLaren, MP4-12C уште од самиот почеток е конструиран како отворен автомобил заради што и има перформанси кои скоро и да не се разликуваат во однос на нормалната верзија - максимална брзина од 329 место 333 km/h, до 100 km/h забрзува за идентични 3,1 секунди, а до 200 km/h оди за 0,2 секунди побавно, односно за 9,0 во споредба со 8,8 кај затворената верзија, што е директна последица на за 40 kg поголемата тежина.
Вториот член на семејството спортски возила на McLaren ќе биде достапен од ноември годинава, по цена од 195.500 фунти, што е за 19.500 повеќе од затворената верзија, која неодамна беше малку унапредена со некои подобрувања, вклучително и зголемувањето на силината на моторот од 600 на споменатите 625 KS.

No comments:

Post a Comment