30 July 2012

Kia го одреди експортното име за K9

Големата лимузина со погон на задните тркала, која Kia ја претстави на почетокот на годинава, на светските пазари ќе се нарекува Quoris.

Настанато како дериват од англиските зборови core и quality, името на новиот седан треба да ги долови главните негови атрибути, од кои голем акцент во оваа фаза на лансирањето на моделот се става во напредните системи за помош на возачот. Продажбата на Kia Quoris надвор од Кореја ќе стартува кон крајот на годинава. Засега не се објавува на кои пазари најпрво ќе се најде овој луксузен модел, ниту со кои моторни опции ќе биде понуден. Во Кореја, Kia K9 се нуди со 3,3 и 3,8 литарски V6 мотори со 300 и 333 KS, и двата со осумстепен автоматски менувач.
Моделот K9/Quoris треба да го замени Avanti/Opirus, кој Kia престана да го произведува во 2010 година.

поврзани вести:
Kia K9 (видео)

No comments:

Post a Comment