Можеби, но дури во 2025 година…
Со сплет на настани, повеќе како одговор на предизвикот на дизајнерскиот конкурс на салонот во Лос Анџелес, на кој автомобилските производители беа повикани да ги претстават своите видувања за патролно возило на иднината, Mercedes покажа како размислува да се развива легендарната G класа. Концептот (всушност макета во размер 1:1) креиран од американското студио на Mercedes, наречен Ener-G-Force, навистина верно ги има пресликано карактеристичните дизајнерски црти на некогаш војничкиот теренец кој живее во практично непроменета форма уште од 1979 година, така што сосема е за верување дека би можел еден убав ден во алтернативната иднина да стане реалност.
Ако се случи тоа, тогаш Ener-G-Force би бил задвижуван од електромотори монтирани во главчините на тркалата, сет батерии сместени во страничните прагови и fuel-cell енергетска централа која би рециклирала вода сместена во резервоар на кровот.

No comments:
Post a Comment