Заради проблемите со редовно добавување на батерии, Fisker го прекина производството на Karma на неодредено време.
Нередовната испорака на батерии за овој луксузен модел на калифорнискиот производител на електрични возила настана кога добавувачот A123 Systems прогласи стечај. Едно од решенијата за брзо надминување на овој проблем е Fisker да истапи до стечајните судии со своја понуда за банкротираниот производител на батерии, што најверојатно и ќе се случи. Но, прашање е дали и ќе успее да ја откупи оваа фирма од која зависи, бидејќи интерес изразија уште и Johnson Controls, Siemens, NEC и кинеската Wanxiang група, зад чија намера да го купи A123 Systems застана и кинеската влада.
Доколку стечајната постапка се развлече, Fisker ќе се соочи со прекин на производството од цела година, колку што е потребно некој друг да го развие комплексниот пакет батерии за Karma.
Доколку стечајната постапка се развлече, Fisker ќе се соочи со прекин на производството од цела година, колку што е потребно некој друг да го развие комплексниот пакет батерии за Karma.
No comments:
Post a Comment