Моделот кој идната година ќе го доживее својот редовен фејслифтинг, има преден дел со нов лик.
Според сега веќе и официјално потврдените информации кои пристигнаа од Штутгарт, раздвоените четвртасти предни светла кои беа заштитен знак на предниот дел на E класата сега се вдомени во едно заедничко куќиште, во кое се инкорпорирани и LED дневни светла. Маската има потродимензионален дизајн и доаѓа во две верзии - класична и спортска, со голема ѕвезда на средината како што досега имаа само купе и кабриолет варијантите. Промени претрпеа и браниците, а и задните светла имаат поинаква графика. Од механичка гледна точка, новост е проширувањето на понудата со BlueDirect бензинските мотори со директно вбризгување на горивото и примената на редовните иновации за зголемување на ефикасноста, како што е старт-стоп системот. Сé на сé, Е класата е на располагање со шест бензински мотори со силина меѓу 184 и 408 KS, пет дизели со од 136 до 252 KS и еден дизел-електричен хибрид со 204 KS и 19 kW. Е класата е доопремена и со ни повеќе, ни помалку, туку точно 11 нови технолошки помагала, кои се позајмени од идната S класа, а изведбата на ентериерот во целина е подигната на повисоко ниво.
Сегашната W212 серија на E класата на Mercedes дебитираше во 2009 година. Купе и кабриолет варијантите на Е класата, барем засега, остануваат какви што беа.
Сегашната W212 серија на E класата на Mercedes дебитираше во 2009 година. Купе и кабриолет варијантите на Е класата, барем засега, остануваат какви што беа.
No comments:
Post a Comment