По желбата истакната уште пролетва, алијансата Renault-Nissan премина на конкретни чекори за преземање на контролата врз најголемиот руски производител на возила AvtoVAZ.
Со потпишувањето на договор за креирање на заедничка компанија со руската државна корпорација Russian Technologies, ќе се забрза трансферот на технологиите и лансирањето на нови модели. Според условите на договорот, кој ќе биде заокружен во јуни 2014 година, алијансата ќе инвестира 23 милијарди рубљи (742 милиони долари), за што ќе добие 67,13% од заедничката компанија наречена Alliance Rostec Auto BV, која пак ќе контролира 74,5% од акциите на AvtoVAZ.
Се проценува дека Русија, во која годинава ќе бидат продадени 2,9 милиони нови возила, до 2015 година ќе стане најголем пазар во Европа. Тогаш се очекува дека Lada, Renault и Nissan заедно ќе продаваат 1,4 милиони возила годишно, што е за половина повеќе отколку сега. Renault уште во 1998 година откупи 25% од акциите на AvtoVAZ.

No comments:
Post a Comment