Првата серија 3 на BMW, моделот со техничка ознака Е21 (1973-1985), се произведуваше само во верзија со две врати.
Како растеше неговиот пазарен успех, така семејството на најмалата баварска лимузина се зголемуваше, па со тек на времето серијата 3 се рашири на седан, караван, купе, кабриолет и хечбек верзиите, на кои наскоро ќе им се придружи и Gran Turismo купе варијанта со четири (всушност пет) врати. Во меѓувреме, тривратната хечбек верзија (Compact) се раздвои во посебна серија 1, која понатаму се рашири на четири варијанти, што се покажа како успешна формула, за која се зборуваше дека BMW уште еднаш ќе ја примени.
Сега сета вистина излезе на виделина во облик на концептот на првиот член на новата, спортски ориентирана серија 4, кој ќе биде покажан на салонот во Детроит. Во однос на серијата 3, дизајнерски се разликува по помускулестиот и поагресивен изглед, заради кој и малку порасна во должина (17 mm) и ширина (15 mm), а повеќе се намали во височина (63 mm). Внатрешноста, со резерва бидејќи се работи за концепт, изгледа полуксузно, а за механиката, иако знаеме дека ќе ги задржи сите карактеристики од својот донатор, во BMW засега само молчат.
Во иднина, серијата 4 ќе биде проширена и со кабриолет и Gran Coupe варијанти.

поврзани вести:
Серијата 3 на BMW пред проширување
Серијата 3 на BMW пред проширување
No comments:
Post a Comment