Mercedes се подготвува за лансирање на купето со четири врати направено на основа на А класата.
Објавувајќи ги првите фотографии и снимки, Mercedes покажува дека веќе е при крај со тестирањата на новиот модел, кој треба да биде подготвен за покажување за салонот на автомобилите во Детроит, кој се одржува на почетокот на идната година. Според досега познатите податоци, Mercedes CLA ќе го дели подвозјето со А класата, што значи дека ќе има попречено поставен мотор и погон на предните тркала. Од новиот компакт на Mercedes ќе бидат преземени и погонските групи, вклучувајќи ја и онаа за сé уште непретставената AMG верзија, која ќе има дволитарски турбо мотор со 350 коњски сили и погон на сите четири тркала.
поврзани вести:
Mercedes го покажа CLA!
Mercedes го покажа CLA!
No comments:
Post a Comment