Со лансирањето на Jetta Hybrid, Volkswagen ќе го означи и почетокот на хибридизација на гамата во Европа.
Првите примероци на хибридната Jetta ќе бидат понудени во април, со почетна цена од 31.300 евра на германскиот пазар. За погон на овој, по Touareg Hybrid втор хибриден модел на Volkswagen во САД, се задолжени 1,4 литарски TSi мотор со 150 коњски сили и електромотор од 20 kW, кои заедно, преку седумстепен DSG менувач, испорачуваат 170 KS. Литиум-јонските батерии, се сместени зад задните седишта, а имаат тежина од само 35,8 kg и капацитет од 1,1 kWh. Во чисто електричен режим на работа, Jetta Hybrid може да помине околу 2 km. Карактеристично е тоа што во овој режим на работа, освен што моторот не работи, и менувачот е комплетно заобиколен при преносот на силината, што резултира со помали отпори на движење. Моторот исто така се исклучува и при отпуштање на педалата за гас при брзини до 135 km/h, со што возилото продолжува да ја одржува брзината со помош на електричниот мотор. Кога работат заедно, двата мотора се способни да го забрзаат возилото до 100 km/h за помалку од 9 секунди и да го дотераат до максимални 210 km/h. Според фабричките податоци, Jetta Hybrid има просечна потрошувачка од 4,1 l/100 km и емисија на CO₂ од 95 g/km.
По детроитскиот концепт од почетокот на годинава, германскиот производител ја покажа финалната верзија на хибридната Jetta на салонот во Лос Анџелес. За споредба, цената на Jetta Hybrid во САД изнесува 25.790 долари, односно 19.890 евра.
По детроитскиот концепт од почетокот на годинава, германскиот производител ја покажа финалната верзија на хибридната Jetta на салонот во Лос Анџелес. За споредба, цената на Jetta Hybrid во САД изнесува 25.790 долари, односно 19.890 евра.
No comments:
Post a Comment