Спојувањето на две суштински спротивставени нешта, како што е караванската каросериска изведба и ултрамоќен мотор, се специјалитет кој само Германците знаат да го направат како што треба.
Најновата нивна креација која доаѓа од Инголштат се вика RS6 Avant. Иако двете ознаки се сосема доволни за да се сфати за што се работи, сепак треба да се споменат четирилитарскиот битурбо V8 мотор со 560 KS и 700 Nm, осумстепениот автоматски менувач и Quattro погонот на сите четири тркала, кои, сума-сумарум, даваат забрзување до 100 km/h за 3,9 секунди и максимална брзина од 305 km/h. Не треба да заборавиме и дека RS6 Avant располага со простор за багаж од 1.680 литри и дека просечно може да троши 9,8 литри на 100 km, кои се овозможени со функцијата за деактивирање на половина од цилиндрите кога сите коњски сили не се потребни.
Досегашната генерација на RS6 располагаше со 5,0 литарски битурбо V10 мотор со 679 KS и 650 Nm, технички поврзан со моторот од Lamborghini Gallardo, кој му овозможуваше забрзување до 100 km /h за 4,6 секунди и максимални 274 km/h.

No comments:
Post a Comment