Иако сите производители на денешницата целата своја енергија ја ставаат на зголемување на ефикасноста на своите модели, Volkswagen отиде чекор пред нив.
Со претставувањето на економичната верзија на малиот Up!, VW покажа дека можностите на моторите со внатрешно согорување сé уште не се искористени докрај. Имено, со комбинирање на повеќе технологии, трицилиндричниот еднолитарски мотор на малиот Eco Up! со 68 KS и 90 Nm може да работи на бензин, компримиран природен гас и биометан. Заради тоа, Eco Up! има три резервоари за секој вид на гориво посебно - еден за метан од 35 литри сместен пред задната оска заедно со резервоарот за бензин од 10 литри и уште еден за метан од 37 литри на местото на резервното тркало. На тој начин, употребливиот простор на возилото воопшто не е нарушен.
За комплетирање на сликата, искористена е и BlueMotion технологијата, која во себе интегрира старт-стоп систем, уред за регенерација на силата на кочење и пневматици со низок отпор на тркалање. Сето ова резултираше Eco Up!, чија цена во Германија е позиционирана на 12.950 евра, да биде способен да помине 100 km со 2,9 kg природен гас и да емитува 79 g/km CO₂.
Освен оваа, Volkswagen ја подготвува и Cross верзијата на Up!, чии карактеристики ќе бидат погрубиот изглед и малку зголеменото растојание од подлогата, додека погонските групи ќе останат непроменети.

No comments:
Post a Comment