После добри осум години на пазарот, успешната семејна лимузина на Škoda се подготвува да го отстапи местото на својот наследник.
Како што знаеме, третата генерација на Octavia е поставена на новата MQB платформа од Volkswagen Golf, што значи дека како предност ќе ги има сите главни карактеристики споменувани за најпродаваниот европски модел. Моделот кој порасна за уште 90 mm, на вкупно 4,66 метри, има и за 108 mm подолго меѓуоскино растојание и багажник од дури 590 литри. Дизајнерски е во согласност со новиот семеен јазик инаугуриран со Rapid, кој од сегашните модели се разликува по почистите атлетски облици, понискиот преден дел и поспуштениот покрив. Каросериски и понатаму е лимузина со пет врати, додека моторизацијата ја сочинуваат осум турбо бензински и дизел мотори, вклучувајќи го и на 220 KS засилениот 2,0 литарски мотор за Octavia RS како топ понуда.
Новата Octavia, чие производство веќе е започнато, во продажба ќе се најде веднаш по нова година. Од 1996 година досега, Škoda продаде 3,7 милиони примероци од Octavia.
Новата Octavia, чие производство веќе е започнато, во продажба ќе се најде веднаш по нова година. Од 1996 година досега, Škoda продаде 3,7 милиони примероци од Octavia.
поврзани вести:
Škoda ја подготвува новата Octavia за Париз
Škoda ја подготвува новата Octavia за Париз
No comments:
Post a Comment