Купето со четири врати, кое всушност е седан верзија на серијата 6, доби и М верзија.
Богатите клиенти кои отсекогаш биле подготвени да платат голема сума пари само за да добијат малку ексклузивитет, сé повеќе стануваат пребирливи. Со право, затоа што популарноста на возилата со огромен број коњски сили автоматски ги прави помалку ексклузивни, токму она што тие го бараат. Затоа и премиум производителите како што е BMW се трудат да одат во чекор со трендовите и постојано да ја дополнуваат својата гама со нови, поексклузивни, поскапи и помоќни модели.
Овој пат на ред дојде и Gran Coupe верзијата на серијата 6. Сам по себе ексклузивитет, овој модел со екстра заден пар врати и за 113 mm продолжено меѓуоскино растојание беше добра основа за негово облагородување со механиката од купе и кабриолет верзиите М6 - 4,4 литарски твин-турбо V8 со 560 KS кои ги постигнува меѓу 6.000 и 7.000 вртежи во минута и 680 Nm при 1.500-5.750 вртежи, спарен со седумстепена M-DCT трансмисија со двојна спојка. Погонот е на задните тркала преку активен M диференцијал, а аерододатоците, кровот од јаглеродни влакна, 20-инчните тркала и ревидираното ослонување се неизоставен дел од пакетот со кој ова купе со четири врати, кое всушност е седан верзија на серијата 6, ќе започне да пристигнува во мај 2013 година, по цена од 128.000 евра, што е на половина пат меѓу купе (124.000) и кабриолет верзијата (131.400) на М верзиите на серијата 6, но и за 25.000 евра повеќе од М5.

поврзани вести:
BMW 6 Gran Coupe (видео)
BMW 6 Gran Coupe (видео)
No comments:
Post a Comment