Поранешниот сопственик на Ducati, италијанскиот приватен инвестициски фонд Investindustrial, стана стратешки партнер на Aston Martin.
За 37,5% од акциите, Италијанците ќе инвестираат 150 милиони фунти во докапитализација на компанијата. Ваков расплет на настаните претставува изненадување, бидејќи со својата највисока понуда, фаворит за преземање на Aston Martin беше индиската групација Mahindra & Mahindra, а својот интерес не го сокри ниту Toyota.
Сакајќи да ја повтори стратегијата со Ducati, Investindustrial, кој е поврзан со AMG одделението на Mercedes, има планови за проширување на гамата и зајакнување на дилерската мрежа на Aston Martin, што ќе го направи заеднички со кувајтскиот Investment Dar, кој досега држеше 64% од Aston Martin. За таа цел, се очекува дека ќе бидат потребни околу половина милијарда фунти. Се проценува дека сегашната вредност на Aston Martin, вклучително и долговите, изнесува околу 750 милиони фунти, додека загубите се доближуваат до пет пати поголема вредност.
Од продажбата на Ducati на Audi, Investindustrial инкасираше 860 милиони евра.

поврзани вести:
Aston Martin бара купувач
Aston Martin бара купувач
No comments:
Post a Comment