31 July 2012

Škoda ја потврди хечбек верзијата на Rapid

Најновиот модел на Škoda, кој допрва ќе се најде во салоните, ќе биде понуден и во хечбек верзија.

30 July 2012

Kia го одреди експортното име за K9

Големата лимузина со погон на задните тркала, која Kia ја претстави на почетокот на годинава, на светските пазари ќе се нарекува Quoris.

29 July 2012

Volkswagen заинтересиран за Lotus

Откако компанијата DRB-Hicom, која поседува 42,74% од акциите на Proton (кој пак е сопственик на Lotus) доби понуда за британскиот производител на спортски возила, се појавија шпекулации дека зад неа стои Volkswagen.

28 July 2012

Volkswagen ја понуди TSi технологијата и во комерцијалните возила

Од новата моделска година, Т серијата на комерцијалните возила на Volkswagen ќе биде достапна и со TSi мотор.

27 July 2012

Audi го обнови R8

Во пресрет на неговата премиера на салонот на автомобилите во Париз, Audi ги објави деталите за обновениот R8.

26 July 2012

Европската верзија на CR-V подготвена за претставување

Во пресрет на нејзината премиера закажана за салонот во Париз, Honda ги објави деталите за европската верзија на CR-V.

25 July 2012

А класата на Mercedes ќе се произведува и во Финска

Заради високата побарувачка на новиот компактен модел, Mercedes ангажираше дополнителни ресурси за негово производство.

24 July 2012

PSA Peugeot Citroën и Toyota договорија нова соработка

Освен во класата мали градски автомобили, двата производитела во иднина ќе соработуваат и кај комерцијалните возила.

23 July 2012

BMW Z1

Првиот родстер кој BMW го разви три децении после фамозниот 507, наполни 25 години. По тој повод, во Минхен се собраа стотина примероци од за денешни услови чудно дизајнираниот двосед, потсетувајќи ја јавноста на неговото влијание на светот на убавите автомобили. BMW Z1, кој во периодот од март 1989 до јуни 1991 година беше произведен во само околу 8.000 примероци, располагаше со 2,5 литарски реден шестцилиндричен мотор до 325i со 171 KS и за своето време имаше многу иновативни технолошки решенија, како што се уникатната монокок конструкција со засебни лимени панели на каросеријата, склопливите врати и мултилинк задното ослонување.

22 July 2012

Штедлив спортист

Со вградувањето на 1,4 литарскиот TSi мотор со систем за деактивација на цилиндрите, Volkswagen покажа дека и спортските возила може да бидат штедливи.

21 July 2012

Малку викенд забава со рекламите на Peugeot


Шпанскиот малосериски производител Aspid најави уште еден модел

По хардкор моделот Super Sport од пред четири години, кој сé уште не е започнат да се произведува, шпанскиот малосериски производител IFR Automotive најави уште еден драматичен модел.

20 July 2012

Mazda CX-5

Високиот интерес на купувачите придонесе Mazda по втор пат да го зголеми производството на својот прв компактен SUV - сега од погоните во Јапонија ќе излегуваат по 240.000 возила годишно од овој модел. Со првобитните планови, се очекуваше CX-5 да привлече годишно околу 160.000 купувачи. Како една од причините за ова се наведуваат новите SkyActive бензински и дизел мотори, кои до 2016 година треба да се вградуваат во 80% од целокупното производство на Mazda, кое до тогаш се очекува да нарасне на 1,7 милиони возила годишно.

И Honda со мал кросовер

Базиран на основата на наредната генерација на Jazz, малиот кросовер на Honda би бил некој вид реинкарнација на предвремениот HR-V.

19 July 2012

Малиот SUV на Mercedes и официјално потврден

На церемонијата по повод започнувањето на производството на новата А класа, лично Дитер Цече го потврди пристигнувањето на мал SUV направен на нејзината основа.

18 July 2012

Nissan го претстави новиот субкомпактен модел

Моделот кој ќе настапува како глобален, Nissan ќе го нуди во Јапонија и Европа под името Note, а во Америка како Versa.

17 July 2012

Конечно покажан Seat Leon 2013

По долго очекување, Seat ја покажа третата генерација на Leon.

16 July 2012

Mazda го освежи легендарниот родстер

Третата генерација од моделот кој стана легенда уште кога се појави во 1989 година, го доживеа третиот фејслифтинг.

15 July 2012

Mondeo ќе доцни во Европа

Замислен како глобален модел, Mondeo наиде на неочекувани проблеми со хомологацијата во Европа.

BMW серија 3

37-годишната историја и шесте генерации на серијата 3 на BMW прикажани во три пол минути

14 July 2012

Seat Mii

Шпанската верзија на Volkswagen Up! технички е идентична со останатите две негови варијанти. Разликите се само во дизајнот (предниот дел му е малку „понакострешен“, предните светла пошпицести, а задните со поинаква графика), пакетите опрема, името и цената. Исти се и еднолитарските трицилиндрични мотори со 60 и 75 KS, на кои Seat им ја придодаде и Ecomotive варијанта со старт-стоп систем и емисија на CO₂ од 97 g/km.

BMW и PSA Peugeot Citroën го прекинуваат електричното партнерство

Само што започна со работа, заедничката компанија BMW Peugeot Citroën Electrification ќе престане да биде заедничка.

13 July 2012

Наредниот Focus RS ќе има 350 KS

Третата генерација на RS изданието на Focus, која се очекува во 2014 година, ќе биде значително посилна од сегашната.

12 July 2012

Fiat ја претстави доставната верзија на Panda

Големата популарност на ваквиот вид возила придонесе Fiat да не чека многу со подготвувањето на доставната верзија на Panda.

11 July 2012

Adam пристигна на овој свет

Среде летните жештини, Opel уште повеќе ги загреа главите на љубителите на мали возила.

10 July 2012

Mini со макси гама

Во наредниот период, Mini ќе ја прошири својата гама на вкупно 10 модели.

09 July 2012

McLaren ја претстави отворената верзија на MP4-12C

Означена како Spider, отворената верзија на MP4-12C располага со метален кров кој се склопува во багажникот за 17 секунди при брзина под 30 km/h.

08 July 2012

Lamborghini отвори нов „погон“

Со иднина трасирана од страна на својот сопственик Volkswagen како бутик-производител, Lamborghini во склоп на својот комплекс во Сант’Агата Болоњезе отвори нов „погон“.

07 July 2012

Renault Clio IV


Renault подготвува две нови марки

Со цел за поефикасно проширување на гамата и поуспешен настап на пазарот, Renault подготвува за лансирање на две нови марки.

06 July 2012

Fiat Panda

Малиот автомобил со моќно име влегува на автомобилската сцена на голема врата со нагласено медитерански дизајн и повеќе од 600 различни спецификации во кои може да се нарача. Новата генерација на Fiat Panda иако со должина од само 3.653 mm, ширина од 1.643 и висина од 1.551 милиметар, има место за петмина, на кои на располагање им се петте врати и најголемиот багажник во сегментот од 225 литри, кој со лизгање на задната клупа се зголемува до 260, а со нејзино соборување на солидни 870 литри. Палетата на мотори ја предводи двоцилиндричниот 0,9 литарски TwinAir, кој ќе биде на располагање со 65 и 85 KS, а дизелската понуда е ограничена на 1,3 литарскиот MultiJet II со 75 KS.

Aston Martin не се откажува од стратегијата

Иако многу извештаи велат дека стратегијата за лансирање на (пре)скапи модели не е баш успешна како што се надеваа, сепак Aston Martin продолжува со неа.

05 July 2012

Volkswagen и Porsche се подготвени за интегрирање

Почнувајќи од летово, двата автомобилски производитела ќе делуваат како еден.

04 July 2012

Симната завесата од Clio IV

Моделот со кој Renault долго време ни ја подгреваше љубопитноста, осамна во својата производствена верзија.

03 July 2012

Citroën го подготвува новиот C4 Picasso

Претставен во 2006 година, на компактниот моноволуменски модел на Citroën веќе му е време за замена.

02 July 2012

Fiat привршува со развојот на Panda 4x4

Италијанскиот производител наскоро ќе ја понуди новата Panda и во теренска верзија.

01 July 2012

BMW и Toyota ја прошируваат идната соработка

Дефинирајќи уште четири полиња на кои ќе соработуваат, двете марки го проширија опфаќањето на договорот за долгорочна соработка што го постигна во декември.