31 March 2012

Daimler и BYD ја претставија заедничката марка

Во мај 2010 година, германскиот Daimler и кинескиот BYD со учество 50:50, ја формираа заедничката компанија BYD Daimler New Technology со единствена цел - да развие и произведува прифатливи електрични возила за најголемиот и најперспективен пазар во светот.

30 March 2012

VW ќе ја продава MQB платформата и на други производители

VW ќе ја продава MQB платформата и на други производители
За да се исплати полесно инвестицијата во новата флексибилна платформа, Volkswagen размислува за можноста да ја понуди и на други производители.

29 March 2012

Лесно е да си играш мајтап со себе...

...кога си светски шампион во формула 1!

28 March 2012

Fiat ќе го лансира Dodge Dart во Кина

На салонот во Пекинг, кој започнува на 23 април, Fiat ќе ја претстави кинеската верзија на Dodge Dart.

27 March 2012

Се купува ли автомобил од баба?

Рекламата која е снимена во 2010 година од Volkswagen за холандскиот пазар, завршува со пораката: „Среќа што Golf е во прашање“

26 March 2012

И Lamborghini со свој теренец

Желбите на Lamborghini за проширување на гамата со трет модел најверојатно ќе се отелотворат во голем и ултраскап SUV.

25 March 2012

Ford B-Max

Новиот Ford B-Max, кој ја имаше својата премиера во Женева, ќе започне да се продава од септември со избор меѓу четири бензински мотори - 1,4 литарски со 90 KS, 1,6 литарски со 105 KS и новите 1,0 литарски трицилиндричните турбо мотори со 100 и 120 KS, како и со два дизел мотора, 1,5 литарски со 75 и 1,6 литарски со 95 KS.

24 March 2012

Mitsubishi го лансираше малиот Mirage

Најавен на салонот во Токио, каде лани за прв пат се појави, како идниот мал глобален модел на Mitsubishi, што значи дека ќе го замени Colt во Европа, Mirage започна со освојување на светските меридијани од Тајланд, каде и ќе се произведува.

23 March 2012

Ferrari F12berlinetta

За најбрзиот сериски модел кој било кога пристигнал од Маранело бројките кажуваат сами за себе: 6,3 литарски V12 мотор, 740 KS, 690 Nm, 0-100 km/h за 3,1 секунда, 0-200 km/h за 8,5 секунди, повеќе од 340 km/h…

22 March 2012

Mercedes SL65 AMG

Топ верзијата на новиот луксузен родстер на Mercedes располага со 6,0 литарски твин-турбо V12 мотор со 630 KS и рамно 1.000 Nm. Mercedes за него вели дека забрзува до 100 km/h за 4,0 секунди, додека максималната брзина му е лимитирана на 250 km/h. За пазарот во САД ваков лимит нема, па американската верзија на SL65 AMG има декларирана максимална брзина од 186 милји на час, односно 299 km/h. Првото јавно прикажување е закажано за салонот во Њујорк на почетокот на идниот месец, а продажбата ќе му започне во септември.